Регистрирај се | Линкови | Контакт | Мапа на страната 
 
Почеток
за Институтот
Организација
Научно-истражувачка
Образовна дејност
Издавачка дејност
Вработени
Новости & Настани
Известувања
Резултати од испитите
Статии
Форум
Книга: Комерцијално банкарство - успешност и профитабилност

Извадок од рецензиите:

Во Република Македонија не се вршени продлабочени истражувања на факторите на комерцијалното банкарство, неговата успешност и профитабилност. Проблематиката обработена во трудот е мошне актуелна ако се има предвид дека современите услови на глобализација на финансиските пазари, географската диверсификација на услугите и технолошките промени, наметнуваат потребата од постојано прилагодување на комерцијалните банки кон променетото окружување.

Во книгата, авторката прави емпириски истражувања за комерцијалните банки во регионот, кои не се правени досега. Во ова истражување се тестираат варијаблите кои влијаат врз успешноста и профитабилноста на банките, при што се дадени сугестии за факторите кои се статистички значајни за комерцијалните банки. Уште повеќе, авторката спроведува емпириската анализа во Федералната резервна банка во Сент Луис со што јасно го покажува трендот на движење на комерцијалното банкарство од традиционално кон комплексно. Сето тоа проидонесува трудот да се одликува со современ, актуелен, оригинален и интересен пристап кон дефинираниот проблем на истражување.

Скопје, 03. 06. 2008 година

Д-р Благоја Наневски

 

 

Сметам дека трудот “КОМЕРЦИЈАЛНО БАНКАРСТВО - успешност и профитабилност”, по своето значење ќе предизвика интерес не само кај банкарскиот менаџмент и комерцијалните банки, туку и кај банкарските супервизори, учесниците на финансиските пазари и академските кругови. Ова е особено поради тоа што во трудот по пат на комбинација на теоретските и практичните аспекти се анализираа успешноста и профитабилноста на комерцијалните банки и се дефинираат клучните внатрешни и надворешни фактори кои создаваат услови за поуспешно и попрофитабилно работење на банките. Ценам дека трудот реално и објективно ги прикажува состојбите и проблемите во ова подрачје и посочува решенија кои ќе придонесат за подобрување на ефикасноста и профитабилноста на комерцијалнто банкарство во Република Македонија

 
 
Скопје, јуни, 2008 година
Д-р Глигор Бишев

 

Книгата може да се најде во Економски институт-Скопје (библиотека).

Архива
«март 2010»
»повтсрчепесане
»22232425262728
»1234567
»891011121314
»15161718192021
»22232425262728
»2930311234
Приклучи се
 
© 2007, Економски Институт-Скопје, Сите права се задржани