КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ЕКОНОМСКИОТ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018 Е ОБЈАВЕН НА 

http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/178_Konkurs_II_ciklus_2017-2018.pdf


Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава.

Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт. Со пријавата кандидатите поднесуваат: 

▪ пријавен лист за запишување;
▪ електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
▪ оригинален документ за Завршен прв циклус студии (диплома или уверение)
▪ куса биографија (CV);
▪ потврда за активно познавање странски јазик;
▪ препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
▪ список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
▪ документи за евентуални награди, признанија и други документи.


КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ШКОЛАТА ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018 Е ОБЈАВЕН НА 

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8

Потребните документи за запишување се поднесуваат во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


Конкурс во рамки на програмата Eразмус+

Акција 1: индивидуална мобилност за студенти и наставен кадар за летниот семестар во академската 2017/2018 година

За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година  на студии.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Преземете го Конкурсот (.pdf)


ЈУБИЛЕЈ - 65 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКИОТ ИНСТИТУТ


Оваа година, Економскиот институт - единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, одбележува 65 години од своето основање. Во рамки на повеќе активности, Економскиот институт организира пригодна свеченост по повод овој Јубилеј.

На овој настан свое поздравно обраќање ќе имаат директорот на Економскиот Институт проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски, директорот на Економскиот институт во Белград проф. д-р Јован Зубовиќ и д-р Горан Пенев од Институтот за општествени науки – Центар за демографски истражувања, Белград.

Во рамки на програмата, во музичкиот дел, предвиден е настап на познати уметници од Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и доделување на Благодарници на институции со кои соработувал Економскиот институт.

Настанот ќе се одржи на ден 12 Јуни во Holiday Inn - Скопје со почеток во 19,30 часот.

Преземете ја поканата (.pdf)


ЧЕТВРТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН СИМПОЗИУМ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ

Економскиот Институт –Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ заедно со Улудаг Универзитетот-Бурса, Турција се органзатори на 4-тиот Меѓународен симпозиум за сметководство и финансии (ИСАФ 2017 година) кој ќе се одржи во Охрид / Македонија во период од 3 ти до 5 ти јули  2017. За повеќе информации можете да пристапите кон следниов линк: http://mufadisaf.com/en/index.htm


Економскиот институт – Скопје e формиран е од Владата на Република Македонија во 1952 година, како самостојна научно-истражувачка. Во рамки на јубилејот се предвидуваат повеќе настани: научни конференции, тркалезни маси, промоции, јубилејно издание на списанието Economic development, монографија „60 години Економски институт – Скопје“ и друго.


Последни публикации

Conference-poster

Конференција „Населението на Балканот на прагот на 21-от век“
(PDF)

akciite-mala

Акциите-инструмент на портфолио менаџментот

Автор: проф. д-р Диана Бошковска

Повеќе

naucna-dijaspora-mala

Научната дијаспора од Република Македонија

Автор: проф. д-р. Верица Јанеска

Повеќе 

pretpriemnicka-laboratorija-mala

Претприемничка лабораторија

Автори: Проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска и Доц. д-р Зоран Јаневски

Повеќе

megunaroden-marketing-mala

Меѓународен маркетинг концепциски, стратегиски и акциони аспекти

Автори: д-р Татјана Петковска и д-р Татјана Петковска – Мирчевска

Повеќе

pretpriemnistvo-e-trgovija-novosti

Во издание на Економски институт – Скопје од печат излезе книгата „Претприемништво и електронска трговија“ од д-р Зоран Јаневски.

Повеќе

monografija-60-godini

(.pdf 8MB) 
 Zbornik-na-trudovi-od-naucna-konferencija

(.pdf 3,14MB)

Новости



THE JOURNAL OF ACCOUNTING AND FINANCE
JULY 2017
SPECIAL ISSUE


 

The Population of the Balkans at the Dawn of the 21st Century

Зборник на трудови од Петтата меѓународна конференција за демографијата на Балканот на тема: Населението на Балканот на прагот на 21-от век, одржана во Охрид, Република Македонија, од 21-24 октомври 2015 година, во организација на Економски институт-Скопје и DemoBalk Association.

Преземете ја публикацијата (.pdf 12Mb)

 

Меѓународни стипендии

Од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Директоратот за дипломатска академија, до Министерството за образование и наука доставија допис, со кој не известуваат дека Универзитетот од Dabrova Gornicza, град во јужна Полска, нуди можности за студенти од Република Македонија да аплицираат за меѓународни стипендии на три програми за специјализација во областа на менаџментот, меѓународните односи и компјутерските науки, за академската 2017/18 година.

Стипендијата која ја доделува универзитетот е од 320 евра месечно.

Повеќе информации може да се најдат на веб страната www.scholarships.wsb.edu.pl

 

Објавен е третиот број од публикацијата SEE-6 Economic Outlook

SEE-6-No1-2016-web-1-1

 

SEE-6 Economic Outlook е првиот број на публикација изработена во соработка со институциите-членки на меѓународната асоцијација SEEA (Southeastern Europe Association): Економски институт, Сараево; Економски институт, Загреб; Економски факултет, Подгорица - Универзитет Црнa Горa; Екномски институт - Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“; Inštitut za ekonomska raziskovanja, Ljubljana и Институт економских наука, Београд.

Повеќе

 

Regional-trade-integration-in-SEE benefits-and-challenges

(.pdf 2,7MB)

Дали сметате дека изборот на понудени смерови за постдипломски студии е доволен?
 
Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com
best place to buy generic levitra online
mens viagra online
prednisone cheap online
buy cialis online toronto
viagra cialis levitra online
viagra to buy online uk
buy prednisone overnight delivery
best place to buy generic cialis onlineviagra cialis levitra onlineviagra to buy online ukbuy prednisone overnight deliverybest place to buy generic cialis online