Регистрирај се | Линкови | Контакт | Мапа на страната 
 
Почеток
за Институтот
Организација
Научно-истражувачка
Образовна дејност
Издавачка дејност
Вработени
Новости & Настани
Известувања
Резултати од испитите
Статии
Форум
за Институтот

Економскиот институт е основан од Владата на Народна Република Македонија, со уредба број 704 од 30 јуни 1952 година, како самостојна научно-истражувачка институција при Стопанскиот совет на Владата. Врз основа на одлуката на Советот на универзитетот “Св Кирил и Методиј” од Скопје, од први јануари 1966 година, Економскиот институт има статус на самостојна научно-истражувачка установа и рамноправна членка на Универзитетот.

Во својот повеќегодишен развој, Економскиот институт е поставен во функција на реализација на јавниот интерес на земјата, преку владини програми за развој на научно-истражувачката дејност, во делот на економијата.

Основна дејност на Економскиот институт претставува научно-истражувачката работа од областа на економските науки, образованието, оспособување и усовршување на научно-истражувачки кадри, создавање и развој на научно-истражувачка инфраструктура, издавачка дејност, како и други активности непосредно врзани со остварувањето на основната дејност. Во своето 55 годишно постоење, Економскиот институт се позиционира како значаен фактор на развојот на економската мисла во државата и нејзината имплементација во успешното разрешување на сите практични проблеми во оваа сфера.

© 2007, Економски Институт-Скопје, Сите права се задржани