Економскиот институт – Скопје, учествува во европската COST акција HIRAM

На 16 октомври 2026 година, во Брисел се одржа првиот состанок на управувачкиот комитет (Management Committee – MC) на COST акцијата CA25175 HIRAM – High Impact Research on Adherence and Morality, со што официјално започна реализацијата на оваа четиригодишна европска истражувачка иницијатива.

Проф. д-р Климентина Попоска од Економскиот институт  – Скопје е член на управувачкиот комитет на COST акцијата CA25175 HIRAM, со што придонесува кон вклучувањето на Институтот во европската научно истражувачка соработка и меѓународната размена на знаења и искуства.

Во текот на наредните четири години, петте работни групи на акцијата ќе се фокусираат на развивање заеднички концепти и индикатори, унапредување на истражувачките методи, спроведување пилот-интервенции во организации од јавниот сектор, поддршка на обуката на млади истражувачи и преточување на резултатите од истражувањата во препораки за политики засновани на научни докази.

Преку учеството во оваа европска истражувачка мрежа, Економскиот институтот – Скопје, УКИМ дополнително ја зајакнува својата меѓународна научноистражувачка соработка и придонесува кон вклучувањето на македонската академска заедница во европските научни иницијативи.