Интегрален извештај од проектот со клучни резултати и препораки за Северна Македонија и резиме за јавни политики

Во рамки на реализацијата на проектот „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Србија и Северна Македонија“ изработен е сеопфатен извештај во кој се презентирани резултатите од истражувањето. Извештајот вклучува и посебни поглавја што ги прикажуваат релевантните искуства и примери на добра практика во областа на политиките за вработување и активните мерки на пазарот на труд, кои се применуваат во Словачка и Полска, а кои се имплементираат со цел да се подобрат можностите за вработување на долгорочно невработените жени на возраст од 50 и повеќе години.

Мошне значаен сегмент во Извештајот се предложените политики, мерки и активности насочени кон поттикнување на жените поактивно да се вклучат во процесот на барање работа, кон намалување на постојниот јаз во вештините на пазарот на трудот, како и кон подобрување на можностите за нивно вработување. Врз основа на добиените наоди, формулирани се конкретни препораки за Северна Македонија, со посебен фокус на состојбите на пазарот на труд во регионот на Скопје.

Со цел поефективна комуникација и пошироко презентирање на резултатите од проектот, изработено е и Резиме за јавни политики, кое ги содржи клучните наоди и препораки насочени кон долгорочно невработените жени на возраст од 50 и повеќе години, како и кон релевантните чинители кои можат да придонесат за подобрување на постојната состојба.

Детален преглед на сите активности реализирани во рамки на проектот, како и интегралните истражувачки извештаи и резимеата за јавни политики за двете земји, можат да се најдат на следниов линк:

Identifying the causes of long-term unemployment among older women in Serbia and North Macedonia

Финансирано од Вишегранд фонд