На 14.7.2025 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Економски институт-Скопје, претставуван од проф. д-р Искра Станчева-Гигов, директор и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, претставувана од г-ѓа Павлина Костовска-Грујоска, Советник за активни мерки за вработување. Со овој Меморандум се уредува соработката помеѓу Економскиот институт-Скопје и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување на град Скопје, при реализација на проектот: „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“, во делот на спорведување на анкетен прашалник помеѓу невработените жени на возраст од 50 и повеќе години, на подрачјето на град Скопје. Овој проект е финансиран во рамки на програмата на Visegrad+Grants (2xV4+2xWB6/Eap), во областа на Јавна политика и институционални партнерства.



