ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА СТУДЕНТСКА ПРАКСА

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Економскиот институт – Скопје, во соработка со Стопанската комора на Република Северна Македонија, им овозможува на студентите запишани на втор циклус студии да остварат студентска пракса во компании – членки на Комората.

Праксата ќе се реализира согласно расположливите капацитети и потребите на компаниите, како и во зависност од бројот на пријавени студенти.

Доколку сте заинтересирани, можете да аплицирате најдоцна до 15.5.2026 година, со доставување на писмо за интерес и кратка биографија (CV) на следнава електронска адреса: eis@ek-inst.ukim.edu.mk .