На 03 ноември 2025 со почеток во 17:30 часот во просториите на Економски институт – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, попладнево се одржа првиот академски час за учебната 2025/2026 година.
Свое обраќање имаа проф. д-р Искра Станчева Гигов, директор на Економскиот институт – Скопје, и проф. д-р Александра Лозаноска, заменик-директор за настава и финансии. По свечените обраќања, активностите продолжија со доделување на индексите на новите студенти и неформално дружење и запознавање со академскиот кадар на Економскиот институт – Скопје.


