Професорката Биљана Ангелова е реизбрана за ректор на УКИМ

Проф. д-р Биљана Ангелова повторно ја доби довербата од академската заедница и е реизбрана за ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со што ќе продолжи да го води најстариот и најголем универзитет во државата и во наредниот тригодишен мандат.
Ова претставува признание за досегашната посветеност, визија и резултати во унапредувањето на високото образование, научно-истражувачката дејност и меѓународната соработка. Во изминатиот период, под нејзино раководство, беа иницирани значајни процеси на модернизација, дигитализација и интернационализација на Универзитетот.
Реизборот претставува силен поттик за продолжување на започнатите реформи и натамошно јакнење на позицијата на УКИМ како водечка академска институција во регионот и пошироко.
И честитаме и ѝ посакуваме успешен мандат, исполнет со нови достигнувања, иновации и академски напредок.
 
Економски институт-Скопје