На 29 јануари 2026 година, во просториите на Економскиот институт – Скопје ќе се одржи работилница на која експерти од Полска и Словачка, како дел од проектниот тим, ќе ги презентираат своите искуства, добри практики, препораки и ќе предложат мерки за намалување на долгорочната невработеност кај жените на возраст од 50+ години во Северна Македонија, во рамки на проектот „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“.
На работилницата ќе учествуваат и претставници на релевантни национални институции надлежни за пазарот на труд и за креирањето на политики за вработување, кои ќе имаат можност да ги изнесат своите ставови за предложените мерки, да придонесат во оценката на нивната применливост во националниот контекст и да дадат насоки за идни активности во оваа област.
