Во рамките на проектот “Мапирање на човечкиот капитал и идентификување на потенцијалот на младите лица од ранлива категорија во Република Северна Македонија” финансиран од Министерството за образование и наука, беа реализирани шест фокус групи со млади лица од ранливи категории во општините Битола, Општина Чашка и град Скопје (со лица без родителска грижа).
Фокус групите овозможија директна комуникација со младите и прибирање на квалитативни податоци за предизвиците со кои се соочуваат во областа на образованието, вработувањето, социјалната вклученост и пристапот до услуги.
Преку дискусиите беа идентификувани клучни ризик фактори кои влијаат врз ранливоста на младите на возраст од 15 до 29 години, како и можни насоки за креирање на локални и национални политики за нивна поддршка и активно вклучување во заедницата.
Им благодариме на сите учесници, локални партнери и претставници на институциите за нивниот придонес и активното учество во процесот.




