Фокус групи од проектот “Мапирање на човечкиот капитал и идентификување на потенцијалот на младите лица од ранлива категорија во Република Северна Македонија”

Во рамките на проектот “Мапирање на човечкиот капитал и идентификување на потенцијалот на младите лица од ранлива категорија во Република Северна Македонија” финансиран од  Министерството за образование и наука, во периодот од 10-19 Мај 2026 година беа реализирани осум фокус групи со млади лица од ранливи категории во општините Босилево, Куманово, Шуто Оризари и Штип.

Фокус групите овозможија директна комуникација со младите и прибирање на квалитативни податоци за предизвиците со кои се соочуваат во областа на образованието, вработувањето, социјалната вклученост и пристапот до услуги.

Преку дискусиите беа идентификувани клучни ризик фактори кои влијаат врз ранливоста на младите на возраст од 15 до 29 години, како и можни насоки за креирање на локални и национални политики за нивна поддршка и активно вклучување во заедницата.

Им благодариме на сите учесници, локални партнери и претставници на институциите за нивниот придонес и активното учество во процесот.