Економскиот институт- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има потреба од засновање на работен однос, односно вработување нанеопределено време, и тоа:
- Eдно (1) лице на работно место: помлад соработник за наука и настава
услови:
-високо образование или најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, односно VI степен, од научно поле: Право или Економија и бизнис;
-работно искуство: со и без работно искуство во струката;
-познавање на странски јазик (англиски, француски или германски);
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-неделно работно време е 40 часа од понеделник до петок;
-дневно работно време е 8 часа, од 08:00 – 16:00 часот;
– основна нето плата 37.000,00 денари, односно бруто плата 55.627,00 денари.
Потребна документација за работното место:
-пријава со назначување на работното место за кое се конкурира,
-биографија,
-уверение и диплома,
-диплома или друг документ за активно познавање на странски јазик (англиски, француски или германски),
-компјутерски програми за канцелариско работење и
-доказ за работно искуство, доколку го има.
Во пријаватакандидатот задолжително да наведе адреса, телефон и e-mail.
Рокот за пријавување е осум (8)работни дена од денот на објавувањето.
Со кандидатите кои ги исполнуваат предвидените услови ќе се изврши интервју.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 7 (седум) дена по истекот на рокот за пријавување.
Пријавата со документацијата да се доставува во архивата на Економскиот институт во Скопје или по пошта на адреса: Економски институт – Скопје, ул. Пролет, бр. 1, 1000 Скопје, тел. 078/451-433(во период од 8 – 16 часот).
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01-2024 за помлад соработник за наука и настава