Александра Стефаноска

Советник за финансиско, сметководствено и материјално

Повеќе за Александра Стефаноска

 

Александра Стефаноска е родена во Скопје, во 1982 година. На Правниот факултет – Скопје дипломирала во 2012 година од областа на правните науки. По завршувањето на Правниот факултет е на постдипломските студии од областа на финансиски менаџмент на Економскиот институт – Скопје. Од 2011 година работела во Министерството за одбрана во секторот за правни работи како стручен соработник за граѓански спорови. Во Економскиот институт – Скопје работи од 2020 година како лиценцирано лице од областа на јавните набавки. Активно учествувала во комисии за изработка на нормативно правни работи, како и од областа на организација на човечки ресурси. Учествувала на бројни научни собири, конференции и семинари.