Повик за учество во анкета на невработени и неактивни жени на возраст од 50 и повеќе години кои живеат на територијата на град Скопје
Економски институт-Скопје спроведува анкета за невработени и неактивни жени над 50 години кои живеат во Скопје.
Анкетата е дел од меѓународниот проект „Идентификување на причините за долгорочна невработеност кај повозрасните жени во Србија и Северна Македонија“, кој се реализира во соработка со партнери од:
- Србија – Институт за економски науки, Белград
- Словачка – Институт за економски истражувања
- Полска – Универзитет за информатичка технологија и менаџмент
Проектот е финансиран од меѓународниот Вишеградски фонд.
Ги покануваме сите жени над 50 години, кои се невработени или неактивни на пазарот на трудот и живеат во Скопје, да учествуваат во анкетата. Вашето мислење е од непроценливо значење за подобро разбирање на предизвиците со кои се соочувате, за унапредување на мерките за поддршка и за креирање на конкретни решенија во соработка со релевантните чинители.
Анкетата е анонимна, а сите податоци ќе бидат користени исклучиво во збирна форма.
Анкетата е достапна на следниов линк: АНКЕТА

