Елена Шојлева
Помлад соработник за наука и настава
Повеќе за Елена Шојлева
Родена е во 1990 година во Скопје, Република Северна Македонија. Средно образование завршила во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – смер правен техничар. Високо образование го стекнува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде што во 2020 година ги завршува магистерските студии по Деловно право.
Својата професионална кариера ја започнува во Друштвото „Аитоникс“ АД – Скопје како административен асистент (2016–2022), а потоа продолжува како правник во „Телелинк“ ДООЕЛ Скопје до 2024 година.
Од декември 2024 година е ангажирана во Економскиот институт – Скопје како помлад соработник за наука и настава. Во рамки на своите работни обврски, врши грижа за сите активности кои се однесуваат на студентите од втор циклус на студии, меѓу другото и административна поддршка при реализација на активности поврзани со научно-истражувачката дејност.
Во 2024 година успешно завршува курс за човечки ресурси, со кој ги проширува своите знаења и компетенции во областа на управување со човечки капитал.