Д-р Александра Лозаноска

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Население и работна сила
  • Невработеност
  • Вработеност и политики на вработување
  • Образовна структура на населението и работната сила
  • Миграции
  • Економска политика
  • Интеракција меѓу демографските, економските и социјалните процеси

Повеќе за д-р Александра Лозаноска

Д-р Александра Лозаноска е родена во 1978 година, во Скопје. Во 2001 година дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 2007 година на Економскиот институт – Скопје, исто така при УКИМ, насока Меѓународна економија, со одбрана на магистерскиот труд „Образовната структура на населението и работната сила и нејзиното значење за економскиот развој на Република Македонија“. Во октомври 2013 година на Економскиот институт во Скопје ја одбранила докторската дисертација под наслов „Социо-економски аспекти на невработеноста и политиките на вработување во Република Македонија“.

Од 2002 година работи во Економскиот институт – Скопје и активно учествува во изработката на научноистражувачки и апликативни проекти, на научни собири и конференции во земјава и во странство, учествува во реализирање на обуки и давање на консултантски услуги во доменот на нејзините области на интерес. Вклучена е како вонреден професор на последипломските студии во Економскиот институт-Скопје на предметите: Економска политика, Економија на трудот, Јавно-приватно партнерство и др., како и на докторските студии по Економски науки на предметот: Економија на човечки ресурси и на докторските студии по Организациски науки и менаџмент на предметот: Современи аспекти на функционирање на пазарот на трудот.

Автор и коавтор е на бројни трудови, меѓу кои посебно се истакнуваат книгите: „Особености на помладото активно и неактивно население во Македонија-постојни состојби и предизвици“; „Вештини на вработените за конкурентност на МСП“; поглавје од книга: „Квалитетот на живот во Република Северна Македонија, мерен преку индикаторите за човеков развој“; статии: „Како Ковид-19 ги преобликува привремените и циркуларните миграции на работната сила: перспективи на Србија и на Северна МакедонијаВлијание на дигитализацијата врз пазарот на труд: случајот на Северна Македонија.

Лозаноска е избрана за сенатор на Економскиот институт-Скопје во Универзитетскиот сенат на УКИМ, за мандатниот период 2021-2023 година. Кораководител е на студиската програма од втор циклус на студии на Економскиот институт-Скопје по Менаџерска економија. Била ангажирана како локален консултант на проектите: ХЕРМАК модел – Предвидувања и стратешко одлучување на пазарот на труд во областите на образование, вработеност и социјална политика, за потребите на Министерството за труд и социјална политика; и Јакнење на општинските советници-обуки во доменот на менаџмент на човечки ресурси во општините, проект за потребите на ЗФР и УНДП.