Д-р Елена Давитковска

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Економика на јавни служби

Повеќе за д-р Елена Давитковска

Елена Давитковска е роденa во 1984 година, во Скопје. Во 2006 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, каде завршила и последипломски студии на насоката Административно право и јавна администрација. Магистрирала во 2009 година, со одбрана на магистерскиот труд под наслов:  „Административна заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер”. Во 2012 година на Правниот факултет „Јустинијан Први”, во Скопје, ја одбранила докторската дисертација под наслов: „Основни компоненти на современиот службенички систем” и се стекнала со звањето доктор на правни науки.

Од 2006 до 2013 година е вработена во Правниот факултет и Факултетот за политички науки, при Универзитетот Американ Колеџ, Скопје, а од мај 2013 година работи во Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во сегашно звање редовен професор по групата на правни предмети е избрана во 2021 година. Од 2018 година е раководител на постдипломски студии на студиска програма Бизнис менаџмент при Економскиот институт -Скопје, како и претседател на Центарот за кариера на Економскиот институт во Скопје. Од 2019 година е управител на друштвото за обуки „ИНТЕРУНИВЕРЗИТЕТСКА АКАДЕМИЈА ПРИМА“, основана од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Објавила неколку учебници и голем број на трудови во домашни и во меѓународни научни списанија. Активно учествувала во изработката на научноистражувачки и апликативни проекти, како и на бројни научни собири, конференции, семинари и конгреси во земјава и во странство.