Д-р Искра Станчева-Гигов

Вонреден професор / Виш научен соработник

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Меѓународна економија

Повеќе за д-р Искра Станчева-Гигов

Искра Станчева-Гигов е родена во 1977 година, во Скопје. Во 2001 година дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (УКИМ). Во 2006 година ги завршила последипломските студии по Меѓународна економија на Економскиот институт – Скопје, УКИМ, а во 2013 година докторирала на Економскиот институт – Скопје, УКИМ, на тема: „Влијанието на надворешната трговија врз економскиот раст во Република Македонија”.

Од 2002 година до денес работи во Економскиот институт – Скопје, УКИМ, а нејзиното сегашно звање е вонреден професор/виш научен соработник на проблематиката Меѓународна економија. Од 2019 година таа ја извршува функцијата заменик директор за наука и меѓународна соработка.

Учествува во домашни и во меѓународни научноистражувачки и апликативни проекти. Од нив можат да се издвојат: Entrepreneurial Learning Exchange Initiative for Sustainable Hospitality SMEs in the Balkan-Mediterranean Region, programme: Interreg Balkan – Mediterranean HELIX, TNCP Balkan – Mediterranean 2014 – 2020; Skills Development and Innovation Support Project-Contract for Development and Design of the Concept for Secondary TVET; Патувањето на “газелата” низ дигиталната трансформација, ИЦС Груп и Фонд за иновации и технолошки развој итн. Учествува на конференции, семинари и работилници во земјата и во странство, a учество зема и во евалуација на проекти и се јавува во улога на обучувач.

Автор и коавтор е на книги, учебни помагала, монографии, публикации и повеќе од 40 научни трудови, објавени во земјата и во странство. Учествува и како уредник на зборници на трудови, монографии и сл.

Во делот на наставно-образовната дејност е ангажирана како вонреден професор на последипломските студии, организирани во Економскиот институт – Скопје, УКИМ, на предметите Меѓународна трговија, Меѓународен бизнис, Логистика на меѓународниот бизнис, Девизен систем и девизно работење и др. Вклучена е и во прв циклус на студии на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје при УКИМ на предметот Инженерска економија. На третиот циклус на студии ангажирана е на докторската програма за економски и за организациски науки и управување (менаџмент) при Школата за докторски студии на УКИМ.