Д-р Марија Tаковска

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Економика и развој на туризам и угостителство

Повеќе за д-р Марија Tаковска

Д-р Марија Таковска е родена во Скопје. Во 1995 година дипломирала на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, каде ги завршила последипломските студии на насоката Туристички менаџмент. Со одбраната на магистерскиот труд под наслов „Угостителството во функција на развој на туризмот во Република Македонија” во 1999 година се стекнала со звањето магистер на науки од областа на туризмот и на угостителството. Во 2007 година на Економскиот институт – Скопје ја одбранила докторската дисертација под наслов „Туризмот и економскиот развој на Република Македонија” и се стекнала со звањето доктор на економски науки.

Од 1997 година работи во Економкиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а нејзиното сегашно звање е редoвен професор на проблематиката Економика и развој на туризам и угостителство.

По вработувањето е вклучена во изработка на повеќе национални и меѓународни научноистражувачки и апликативни проекти. Активно учествува и на научни собири, конференции, тркалезни маси и семинари во земјава и во странство и има изработено и објавено забележителен број на трудови. Во делот на наставната дејност вклучена е на вториот циклус студии во Економскиот институт – Скопје на насоките: Меѓународна економија, Претприемништво, Меѓународен менаџмент и Логистика на бизнисот. Од академската 2014/15 годинa, Марија Таковска е назначена за раководител на постдипломскиот студиум по Логистика на бизнисот при Економскиот институт – Скопје. Исто така, ангажирана е и на трет циклус на студии при Школата за докторски студии на