Д-р Наташа Данилоска

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Агроекономија
  • Агробизнис
  • Економика и развој на земјоделството

Повеќе за д-р Наташа Данилоска

Д-р Наташа Данилоска е родена во 1972 година, во Гостивар. Во 1997 година дипломирала на Земјоделскиот факултет во Скопје, каде завршила и последипломски студии на насоката Агроекономика. Магистрирала во 2001 година, со одбрана на магистерскиот труд под наслов: „Институционална поддршка за извоз на производите од агрокомплексот на Република Македонија“. Исто така, во 2000 година има завршено последипломски студии по Индустриски односи на Центарот за индустриски односи при Универзитетот во Каљари, Италија. Во 2006 година на Економскиот институт во Скопје ја одбранила докторската дисертација под наслов: „Институционални и организациски аспекти за извозно ориентиран агрокомплекс во Република Македонија“ и се стекнала со звањето доктор на економски науки.

Од 1997 година работи во Економкиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во декември 2017 година избрана е во звањето редовен професор на проблематиката Економика и развој на земјоделството.

Активно учествувала во изработката на научноистражувачки и апликативни проекти, како и на научни собири, конференции, семинари, конгреси и симпозиуми во земјава и во странство. Предава на последипломските студии во Економскиот институт-Скопје. Автор е на бројни трудови, меѓу кои посебно се истакнуваат: „Институционална поддршка за извоз од агрокомплексот на Република Македонија“, во 2001 година и “Вовед во економика на аграрот”, во 2006 година, обете во издание на Економскиот институт-Скопје.