Д-р Неда Петроска – Ангеловска

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Финансиски менаџмент

Повеќе за Неда Петроска – Ангеловска

Неда Петроска-Ангеловска е родена во Скопје. Во 1997 година дипломирала на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде завршила и последипломски студии на насоката Монетарна економија. Со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Финансиското планирање како компонента на управувачките процеси во претпријатието” во 2001 годинa, се стекнала со звањето магистер на економски науки од областа на монетарната економија. Во 2007 година на Економскиот институт – Скопје ја одбранила докторската дисертација под наслов „Готовинскиот тек и ликвидноста на претпријатијата” и се стекнала со звањето доктор на економски науки.

Од 1997 година работи во Економкиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а нејзиното сегашно звање е редовен професор на проблематиката финансиски менаџмент. Од 2019 година, Неда Петроска Ангеловска ја извршува функцијата заменик директор за настава и финансии во Економскиот институт-Скопје.

По вработувањето е вклучена во изработка на повеќе национални и меѓународни научноистражувачки и апликативни проекти. Активно учествува на научни собири, конференции, тркалезни маси и семинари во земјава и во странство и има изработено и објавено забележителен број на трудови. Во делот на наставната дејност вклучена е на втор циклус студии во Економскиот институт – Скопје на насоките: Финансиски менаџмент, Претприемништво, Агробизнис, Бизнис менаџмент и Логистика на бизнисот. Од академската 2014/15 годинa, Неда Петроска-Ангеловска е назначена за раководител на постдипломскиот студиум по Логистика на бизнисот при Економскиот институт – Скопје. Исто така, ангажирана е и на трет циклус на студии при Школата за докторски студии на УКИМ.