Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид-19 пандемијата

Автори: Елизабета Џамбаска и Александра Лозаноска
Издавач: Економски институт-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Јазик: Македонски
Година: 2023
Оригинален наслов: Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид-19 пандемијата
Бр. на страни: 152

Монографијата насловена „Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид-19 пандемијата” претставува сублимиран приказ на состојбите во економијата на Република Северна Македонија, со фокус на економскиот развој и пазарот на работна сила, пред и за време на Ковид-19 кризата.

Целта на истражувањето во оваа монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила, како и врз продуктивноста и квалитетот на живот. Во рамки на монографијата се анализираат и резултатите од анкетното истражување, спроведено за да се осознаат перцепциите и ставовите на вработените за последиците и промените на нивните работни места и во секојдневното живеење предизвикани од зравствената криза.

Електронската верзија на монографијата е достапна на следниот линк:

https://www.ek-inst.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2023/02/Ekonomski-razvoj-vo-uslovi-na-Kovid19.pdf