Оглас практична работа во НБРСМ

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека во текот на месеците јуни, јули и август 2026 година, во Народната банка на Република Северна Македонија ќе се спроведува практична работа за студентите кои ја вршат практичната работа во рамките на образовната програма на високообразовните институциии се тековно запишани на прв циклус на студии или на постдипломски студии на високообразовните институции, од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка. Практичната работа ќе се спроведува согласно капацитетот и потребите на организациските единици во Народната банка.

 

Огласот за вршење практична работа е објавен на веб страницата на Народната банка на следната патекаhttps://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-oglas-za-vrsene-prakticna-rabota-vo-narodnata-banka-na-republika-severna-makedonija-2026.nspx

Со почит,

Економски Институт Скопје