Потпишани договори за реализација на нови 40 научно – истражувачки проекти на универзитетите, научните институти и МАНУ

На ден 08.08.2025 година Министерството за образование и наука потпиша договори за финансирање на 40 научно-истражувачки проекти со државни факултети, научни институти и МАНУ.
 
Проектот на Економски Иститут – Скопје под наслов “Мапирање на човечкиот капитал и идентификување на потенцијалот на младите лица од ранлива категорија во Република Северна Македонија” од главниот истражувач проф.д-р Елизабета Џамбаска е еден од избраните проекти за кој се доделени финансиски средства.
 
На свеченоста присуствуваа директорот на Економски Иститут – Скопје проф.д-р Искра Станчева-Гигов и проф.д-р Елизабета Џамбаска.