Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус на студии на Економски институт – Скопје

август 10, 2021 нема коментари metodi Категории Новости

Почитувани,

 

Ве информираме дека Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус на студии на Економски институт  Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на студиските програми по:

 

  • Економски науки – (Економски институт  и Економски факултет)
  • Организациони науки и управување (менаџмент) – (Економски институт, Економски факултет и Институт за социолошки и политичко-правни истражувања) 
  • Статистички методи за бизнис и економија (Економски институт и Економски факултет),

е објавен на следниот линк:

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8

Рокот за пријавувањето на кадидатите е во периодот од 20.9.2021 до 4.10.2021 година.

 

За подетални информации, Ве молиме јавете се на следниов телефонски број 02 3115 076 секој работен ден од 9-14 часот.

 

Економски институт – Скопје