Менаџерска економија

 

Менаџерска економија е двегодишна студиска програма која овозможува стекнување на знаење од повеќе области од подрачјето на економските науки и негова примена во менаџерското работење. Концепциската поставеност обезбедува мултидисциплинарен пристап при изучувањето на одделните сегменти на економијата од гледна точка на менаџерите. Имајќи ги предвид современите научни трендови и предизвиците на процесот на глобализација, повеќе од неопходна е потребата од интегрирана студиска програма со која ќе се стекне напредно знаење за блијанието на одделни економски аспекти врз процесот на управување и работење. Истовремено, преку овие студии се овозможува комплексна анализа на проблемите на модерната економија и општеството и изнаоѓање на иновативни решенија за нивно надминување.

Во рамки на оваа студиска програма се изучуваат економските теории, логиката и методологијата кои се применуваат при барање на решение за практичните проблеми на бизнисот, односно се однесува на оној сегмент од економското знаење или економските теории кои се користат како алатка за анализирање на бизнис проблемите и за конципирање на рационални бизнис одлуки. Целта на воведувањето на оваа студиска програма е да се премости јазот помеѓу теоријата и менаџерската пракса, со што ќе се постигне примена на економските размислувања при анализа на бизнис ситуациите. Менаџерската економија ги интегрира економската теорија со бизнис практиката, во насока на донесување на ефективни одлуки и ефикасен процес на планирање. Во таа смисла, студентите кои ќе ја завршат оваа студиска програма ќе можат да ги применуваат економските концепти и анализи при формулирање на соодветна менаџерска стратегија.

Значењето на студиската програма произлегува од потребата менаџерите да стекнат компетенции за да анализираат, планираат и да донесуваат одлуки за соодветен избор на ресурсите (труд, капитал, земја и менаџерски капацитети) кои се релативно ограничени, како и да се оспособат да ги употребат истите најефикасно. Студиите по Менаџерска економија се воведуваат со цел економските концепти и принципи да се искористат во функција на решавање на предизвиците на бизнисот, како што се: профитот, побарувачката, трошоците, определувањето на цените, производвството, ангажирањето на човечки ресурси, конкуренцијата, бизнис циклусите, националниот доход итн.

На оваа студиска програма можат да се запишат студенти кои завршиле економија, менаџмент, човечки ресурси, други општествени науки, како и студенти кои имаат завршено природни или технички науки, но на своите работни позиции се соочуваат со процесот на менаџерско одлучување и реално им се неопходни посебни знаења за меѓусебната поврзаност на економските процеси и менаџерските одлуки.

Студиска програма Менаџерска економија (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
БројКод ПредметиЕКТС
1.МЕК4101/2022Микроекономска анализа10
2.МЕК4102/2022Економска политика10
3.МЕК4103/2022Економија на трудот10
Вкупно30

II Семестар
БројКод ПредметиЕКТС
1.Изборен предмет од листата на едногодишната студиска програма по Менаџерска економија5
2.Изборен предмет од листата на едногодишната студиска програма по Менаџерска економија5
Магистерски труд20
Вкупно30

Студиска програма Менаџерска економија (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1. МЕК3101Микроекономска анализа8
2.МЕК3102Економска политика8
3.МЕК3103Економија на трудот8
4.Од листа на изборни предмети на УКИМ6
Вкупно30

II Семестар   
БројКод ПредметиЕКТС
1.МЕК3104Економија на пари, банкарство и финансиски пазари8
2.МЕК3105Економија на животна средина8
3.МЕК3106Економска регулација8
4.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

III Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.МЕК3107Менаџерски финансии8
2.МЕК3108Теорија и политика на цени8
3.МЕК3109Дигитална економија8
4.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

IV Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листа на изборни предмети на УКИМ6
2.Проектна задача 6
3.Изработка на магистерски труд20
Вкупно32

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.