На 29 јануари 2026 година, во просториите на Економски институт – Скопје се одржа работилница

Во рамки на проектот „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“, на 29 јануари 2026 година, во просториите на Економски институт – Скопје се одржа работилница на која експертите од Полска и Словачка, како дел од проектниот тим, ги презентираа своите искуства, добри практики, препораки и дадоа предлог мерки за намалување на долгорочната невработеност кај жените на возраст од 50+ години во Северна Македонија.
На работилницата учествуваа и претставници на релевантни државни институции надлежни за пазарот на труд и за креирањето на политики за вработување, како и претставници на работодавачите и невладиниот сектор, кои се вклучија во дискусијата и ги изнесоа своите ставови за предложените препораки и мерки, во смисла колку истите можат да се применат и како најдобро да се прилагодат на постојната состојба во нашата држава.