НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА
Развојот на научноистражувачката работа на Економскиот институт, во изминатите шеесет и пет години, се одвива во исклучителни турбулентни промени на општествен и економски план. Програмската ориентација на научноистражувачката активност на Економски- от институт е значително проширена поради зголемената потреба од вклучување на науката во решавањето на бројни проблеми кои во континуитет произлегуваат од различните промени во општествено - економска реалност. Економскиот институт перманентно ги следи достигнувањата на научната мисла во светот од теоретски, развоен и стручно - апликативен аспект. Преку сопствени фундаментални, развојни и апликативни истражувања во доменот на економските и другите сродни науки, Институтот ја развива научната мисла и ја организира, координира и управува научноистражувачката работа во облас- та на економските и организациските науки. Добиените сознанија од сопствените истражувања, ги публикува во посебни изданија, со што тие стануваат достапни до научностручната и пошироката јавност во Република Македонија, а се користат и во конципирањето на вкупниот општествено - економскиот развој на земјата.
Научноистражувачката и образовната дејност на Економскиот институт ја остваруваат 21 доктори на науки, односно 7 редовни професори, 5 вонредени професори и 6 доценти, како и 1 виш научен соработник и 2 научни соработници. Економскиот институт ангажира и голем број надворешни соработници од различни профили, а има создадено и широка мрежа за соработка со сродни институции од: земјава, регионот и светот.
Истражувањата од доменот на развој; човековиот развој; економската политика; работната сила и демографијата; меѓународната економија; меѓународната трговија; девизниот, фискалниот и кредитно - монетарниот систем; економиката на туризмот; економиката на земјоделството; аграрната политика; животниот стандард на населението; маркетингот и друго.
Истражувањата во доменот на организациските науки се однесуваат на прашања поврзани со: инвестициониот менаџмент, маркетинг - менаџментот, деловната политика и корпоративните финансии, информационите системи, менаџментот и управувањето во претпријатијата, претприемништвото, електронската трговија, менаџмент во агробизнисот, финансискиот менаџмент и друго.
Од основањето, па до денес, во Институтот се изработени повеќе од 500 проекти. Овде ќе бидат наброени само позначајните проекти кои се изработени од оснoвањето, па се до денес.