По повод одбележувањето на 73-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на „24 Мај“ – Денот на светите Кирил и Методиј – патрониот ден на Универзитетот, делегација на Економски институт – Скопје во состав проф. д-р Зоран Јаневски, директор на институтот и проф. д-р Неда Петроска Ангеловска, заменик директор за финансии и настава, положија цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј на платото пред УКИМ.