Отворен ден на УКИМ

август 3, 2021 нема коментари metodi Категории Новости

Почитувани учесници на отворениот ден на УКИМ, потенцијални постдипломци на Економски Институт-Скопје,

  • Во рамки на Отворениот ден на УКИМ, Економскиот институт -Скопје ќе  одржи презентација на студиските програми од втор циклус студии на 19 август 2021 година на платформата Teams во периодот од 10-12 часот. 
  • За да добиете подетални информации за Економскиот институт-Скопје, како единица на УКИМ, неговата научноистражувачка и образовна дејност, содржината на студиските програми од втор циклус студии кои Ви стојат на располагање за упис согласно Конкурсот за упис на втор циклус студии во академската 2021/2022 година, Ве молиме во наведениот термин, да се приклучите на подолу наведениот линк за  видеоконференцијата:

 https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_ZWM1NWNlMmEtNTBjOS00NzdhLThhNWQtMmZmZDRkNDJkOWFh%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%22253b39e1-d31d-4d8c-97af-ca5eb46de56e%22%2c%22Oid%22%3a%2283d0bd28-3ac7-4d1b-b697-d2ac93b25c4a%22%7d

 

Бидете наши постдипломци во академската 2021/2022 година!

Со почит,

Економски институт-Скопје