Претприемништво

 

Изучувањето на претприемништвото на сите нивоа на образование и во контекст на доживотното учење е мошне значајно и за Република Македонија. Ова значење се однесува на можностите за самовработување, создавање на нови бизниси, како и за растот и развојот на МСП, а на таков начин и за целокупниот социо-економски развој.

Изучувањето на претприемништвото е поврзано со современите научни сознанија, од кои треба да се развиваат нови, современи вештини и компетенции за создавање и развој на бизниси и унапредување на конкурентноста на националната економија. Од тука, студиската програма за последипломски студии по претприемништво, Економскиот институт Скопје ја темели освен на потребите за вештини и знаења барани на пазарот на работна сила во Република Македонија и пошироко, уште и на современите научни достигнувања од областа.

Поаѓајќи од акумулираното искуство на Економскиот институт во областа на претприемништвото, што значи, следење на истражувања и развој на истражувачки и образовни проекти и програми, како и поврзување со научни и образовни институции од земји членки на ЕУ и пошироко, оваа студиска програма е развиена врз принципите на компатибилност со соодветните студиски програми на водечките институции од оваа област.

Студиска програма Претприемништво (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.ПР4101Претприемништво и мали бизниси7
2.ПР4102Претприемнички менаџмент7
3.ПР4103Маркетинг7
4.ПР4104Финансирање на МСП7
5.Од листата на изборни предмети на УКИМ2
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листа на изборни предмети5
2.Од листа на изборни предмети5
3.Магистерски труд20
Вкупно30



Студиска програма Претприемништво (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.ПР3101Претприемништво и мали бизниси12
2.ПР3102Претприемнички менаџмент12
3.Од листата на изборни предмети6
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.ПР3103Маркетинг12
2.ПР3104Финансирање на МСП12
3.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

III Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.ПР3105Економика на претпријатијата12
2.ПР3106Претприемништво и трансфер на нови технологии12
3.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

IV Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листа на изборни предмети6
2.Од листа на изборни предмети на УКИМ4
Магистерски труд20
Вкупно30

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.