Фокус група со релевантни чинители на пазарот на труд за жени на возраст од 50 и повеќе години

На 27.3.2025 година во просториите на Економски институт-Скопје се одржа Фокус група со релевантните чинители на пазарот на труд, кои имаат определена улога во создавањето на услови за ублажување на проблемот со невработеноста на жените на возраст од 50 и повеќе години. Учесници во Фокус групата беа претставници од наделжните институции во државата: Министерство за економија и труд, Агенција за вработување, Министерство за образование, Државен завод за статистика, Центар за образование на возрасни, како и претставници од синдикатите, работодавачите, невладините организации кои работат на прашања за жените и тренинг центрите кои обезбедуваат обуки. Темите на кои се дискутираше се однесуваа на неколку клучни сегменти:
  • Општите услови на пазарот на труд, особено за жените на возраст од 50 и повеќе години;
  • Предизвиците и недостатоците со кои се соочуваат жените на возраст од 50 и повеќе години;
  • Постојните политики и мерки за поддршка на жените од возрасната група 50 и повеќе години;
  • Можните нови решенија, политики и мерки за подобрување на состојбата со вработувањето на жени на возраст од 50 и повеќе години.
Споделените знаења и искуства, односно сознанијата до кои се дојде преку дискусијата помеѓу учесниците во Фокус групата, ќе бидат од големо значење при креирањето на финалниот извештај од проектот, особено во делот на препораките и предлозите за подобрување на постојната состојба со невработеноста на жените на возраст од 50 и повеќе години.