Д-р Диана Бошковска

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Финансиски менаџмент

Повеќе за д-р Диана Бошковска

Д-р Диана Бошковска е родена во Тетово во 1972 година. Во 1996 година дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, каде завршила и последипломски студии на насоката Деловна економија. Магистрирала во 2004 година, со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Инвестиционите проекти како потфати за реализација на развојната стратегија на претпријатијата”. Во 2008 година на Економскиот институт во Скопје при УКИМ  ја одбранила докторската дисертација под наслов „Портфолио менаџментот како современ приод во растот и развојот на корпорациите” и се стекнала со звањето доктор на економски науки.

Од 1998 година работи во Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а нејзиното сегашно звање е редовен професор на проблематиката на Финансиски менаџмент.

Активно учествувала во изработка на научноистражувачки и апликативни проекти, како и на научни собири, конференции, семинари, конгреси и симпозиуми во земјава и во странство. Предава на последипломските студии во Економскиот институт-Скопје. Автор е на бројни трудови, меѓу кои посебно се истакнува  „Акциите – инструмент на портфолио менаџментот”, од 2014 година во издание на Економскиот институт-Скопје.