Д-р Снежана Костадиноска-Милошеска

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Јавни финансии
  • фискална економија

Повеќе за д-р Снежана Костадиноска-Милошеска

д-р Снежана Костадиноска-Милошеска e родена во 1961 година, во Кичево. Во 1984 година дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, каде завршила и последипломски студии на насоката Економски развој со методи на економска анализа. Магистрирала во 1999 година, со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Карактеристики и перспективи на девизниот пазар во Република Македонија”. Во 2004 година на Економскиот институт во Скопје ја одбранила докторската дисертација под наслов „Локалните финансии на Република Македонија” и се стекнала со звањето доктор на економски науки.

Од 2001 година работи во Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а нејзиното сегашно звање е редовен професор на проблематиката фискална економија. Од април 2021 година е кораководител на Докторската школа по економија при УКИМ.

Во периодот 2006-2009 година извршува функција државен секретар во Министерството за финансии на РМ, како и други државни активности, поврзани со функцијата. Во овој период и подоцна, активно учествува во креирањето и во спроведувањето на клучните финансиски реформи во земјата, реформите во здравството и јавната администрација.  Од 2011 до 2017 година е член на Комисијата за заштита на конкуренцијата во РМ.

Освен апликативните проекти, активно учествувала во изработка на научноистражувачки проекти, како и на научни собири, конференции, семинари, конгреси и симпозиуми во земјава и во странство. Предава на последипломските студии во Економскиот институт-Скопје. Автор е на бројни трудови, меѓу кои посебно се истакнуваат Студијата за унапредување на финансискиот менаџмент во Единиците на локална самоуправа во Република Македонија и Синиот извештај за Македонијаво издание на UNDP-Македонија; Финансиската конвергенција на Република Македонија со Европската Унија, Можности за подобрување на ефикасноста во спроведувањето на Инструментот за претпристапна помош во РМ; од 2015 година до денес е автор за Fiscal stance of the R of Macedonia, SEE-6- Economic Outlook, коавтор на книгата: The main consideration of public debt in the Republic of Macedonia, LAP, Lambert, Academic Publishing, 2018; POLITICAL ECONOMY ANALYSIS (PEA), CSO ETHAMORPHOSIS, MACRO-LEVEL COUNTRY ANALYSIS FOR REPUBLIC OF MACEDONIA, Skopje 2018; ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за развојот на системот на финансирање на општините за 2021 година, УНДП, 11.2021.