Д-р Васил Поповски

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Менаџмент
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Микроекономија
  • Меѓународен менаџмент

Повеќе за д-р Васил Поповски

Васил Поповски е роден во 1963 година. Во 1991 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, група филозофија. Во 1995 година ги завршил постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје, со што се стекнал со звањето магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во 2001 година на Економскиот институт во Скопје ја одбранил докторската дисертација под наслов „Влијание на организациската култура врз деловноста на претпријатијата” и се стекнал со звањето доктор на економски науки. Од 1996 година работи во Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во највисокото научно звање – научен советник е избран во 2007 година. Во 2012 година се реизбира во редовен професор по меѓународен менаџмент, а неговото сегашно звање е редовен професор на проблематиката меѓународен менаџмент.

Активно учествувал во изработка на научноистражувачки и апликативни проекти, како и на научни собири, конференции, семинари, конгреси и симпозиуми во земјава и во странство и држи настава на втор и трет циклус (постдипломски и докторски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има реализирано студиски престои во Франција, Шпанија, Германија, Австрија, Холандија, Унгарија, Словенија, Молдавија. Од 2008 година е раководител на студиска програма од втор циклус по Меѓународен менаџмент во рамките на Економскиот институт. Автор е на бројни трудови и книги, меѓу кои посебно се истакнуваат „Влијание на организациската култура врз деловноста на претпријатијата”, „Менаџирање на културните разлики во Република Македонија”, „Менаџмент на перформанси”, „Иновации и претприемништво”, „Меѓународен менаџмент“.