Д-р Владимир Петковски

Вонреден професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Економски развој

Повеќе за д-р Владимир Петковски

Д-р Владимир Петковски е роден во Скопје во 1986 година. Во 2009 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката финансиски менаџмент на тема „Портфолио анализа на акции од официјален и неофицијален пазар“. Во 2011 година магистрира на Економскиот институт – Скопје на насоката Финансиски менаџмент на тема „Проценета вредност на компанијата, наспроти нејзината берзанска вредност“. Во 2013 година докторира на Економскиот институт – Скопје на тема „Финансискиот капацитет на општините во Република Македонија – можности, практики и решенија за подобрување“, со што се стекнува со научното звање доктор на економски науки.

Во периодот од 2011 до 2012 година бил ангажиран предавач и асистент истражувач на ПВУ-ВСШ Факултет за бизнис економија. Во 2013 година се вработува на Економскиот институт – Скопје  како асистент, за во 2015 година да биде избран во звањето доцент во областа Економски науки, поле Економија на развој. Во истото поле е избран во звањето вонреден професор во 2020 година. Во периодот од 2011 година дизајнирал и раководел проекти на УНДП, ОБСЕ, Ептиса, ОН, Ерасмус+, повеќе министерства и локални самоуправи и за Владата на Република Македонија.

Учесник е на голем број научноистражувачки собири од областа на Финансискиот менаџмент и Економија на развој и има објавено повеќе од 30 научноистражувачки и стручни трудови во земјата и во странство на истите теми. Како тренер и гостин предавач извршува предавање на теми од Економскиот развој и социјалната економија на повеќе од 15 меѓународни проекти и универзитети.