Коста Јовчевски

Секретар

Повеќе за Коста Јовчевски

 

Коста Јовчевски е роден во 1960 година во Скопје. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Работното искуство го започнува во 1990 година во Министерството за наука, каде завршил како советник на министерот за наука. Работел и како инспектор по авторско право. Од 2001 година се вработува во Економскиот институт како секретар на Институтот. Покрај оваа работна задача вршел и други државни и општествени функции. Во моментов е повторно на работното место секретар на Економскиот институт.