Агробизнис (нова студиска програма)

 

При креирањето на наставниот план и програма на насока Агробиснис земено е предвид дека во Република Македонија се случија значајни развојни промени, посебно во областа на земјоделското производство (промени во сопственичката структура, преструктурирање на организационите облици на деловните системи, промена на нивната големина, интензивирање на производството и слично). Без образовни стручњаци, едуцирани на соодветен начин не е можно да се следат овие промени, поточно да се обезбеди управување со земјоделското производство и прехранбената индустрија преку искористување на обновливите природни ресурси, заштита на околината, зачувување на ресурсите во руралните подрачја и културното наследство.

Програмата на последипломските студии од областа на агробизнисот ги нуди сите потребни знаења, вештини и компетенции кои се неопходни за постигнување на краткорочните и долгорочните цели од областа на агробизнисот во Република Македонија, со оглед на тоа што студентите со соодветните методи на настава и учење се квалификувани за креативна и иновативна работа и успешно користење на нивните знаења и вештини од агробизнисот во земјоделското производство и прехранбената индустрија. По завршувањето на студиите студентите од овој профил може да се вработуваат во претпријатијата и да работат во подрачја на: организација на производство и преработка, маркетинг и дистрибуција на земјоделско-прехранбените производи, банки при кредитирање на производството, осигурителни компании при осигурување на производството и основните средства, претставништва, владини агенции, земјоделски стручни советодавни служби и слично. Исто така, тие може да вршат едукација (средно и високо образование), да работат во наука и развој и на работи околу утврдување на данок на приход особено во области во кои доминираат приходи од земјоделството, шумарството и водостопанството.

Со оваа студиска програма се стекнуваат знаења и вештини кои можат да бидат од голема полза при отварање или водење на сопствен бизнис, а со тоа и се прошируваат можностите за самовработување.

Решение за акредитација:
⇓ Агробизнис (4+1)
⇓ Агробизнис (3+2)

Решение за почеток со работа:
⇓ Агробизнис (4+1)
⇓ Агробизнис (3+2)

Студиска програма Агробизнис (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
Број КодПредметиНаставнициЕКТС
1.АБ101/2023Економика на аграротпроф. д-р Наташа Данилоска
проф. д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
10
2.АБ104/2023Агромаркетингпроф. д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф. д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
10
3.АБ105/2023Менаџмент во агробизнисотпроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Наташа Данилоска
10
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
2.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
3.АБМР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (4+1)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.АБ201/2023Аграрна политикапроф д-р Наташа Данилоска
проф д-р Владимир Петковски
5
2.АБ202/2023Одржливост на производство и потрошувачка на хранапроф д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф д-р Наташа Данилоска
5
3.АБ203/2023Управување со трошоци и ценовни политики во аграротпроф д-р Биљана Ангелова
проф д-р Диана Бошковска
5
4.АБ204/2023Финансирање и инвестиции во аграротпроф д-р Диана Бошковска
проф д-р Наташа Данилоска
5
5.МЕК3105/2023Економија на животна срединапроф д-р Наташа Данилоска
проф д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
5
6.МЕ202/2023Меѓународна конкурентностпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Елизабета Џамбаска
5

Студиска програма Агробизнис (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.AБ101/2023Економика на аграротпроф. д-р Наташа Данилоска
проф. д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
10
2.AБ102/2023Заедничка земјоделска политика на Европската унијапроф. д-р Снежана Костадоноска-Милошеска
проф. д-р Наташа Данилоска
10
3.AБ103/2023Меѓународна трговија со хранапроф. д-р Силвана Мојсовска
проф. д-р Искра Станчева-Гигов
10
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.AБ104/2023Агромаркетингпроф. д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф. д-р Катерина Хаџи Наумова Михаjловска
10
2.AБ105/2023Менаџмент во агробизнисотпроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Наташа Данилоска
10
3.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
4.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Вкупно30

III Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.AБ106/2023Стратегии за рурален развојпроф. д-р Елизабета Џамбаска
проф. д-р Александра Лозаноска
10
2.AБ107/2023Управување со ризици и осигурување во земјоделствотопроф. д-р Климентина Попоска
проф. д-р Наташа Данилоска
10
3.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
4.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Вкупно30

IV Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
2.АБПЗ/2023Проектна задача5
3.АБМР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (3+2)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.AБ201/2023Аграрна политикапроф д-р Наташа Данилоска
проф д-р Владимир Петковски
5
2.AБ202/2023Одржливост на производство и потрошувачка на хранапроф д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф д-р Наташа Данилоска
5
3.AБ203/2023Управување со трошоци и ценовни политики во аграротпроф д-р Биљана Ангелова
проф д-р Диана Бошковска
5
4.AБ204/2023Финансирање и инвестиции во аграротпроф д-р Диана Бошковска
проф д-р Наташа Данилоска
5
5.AБ205/2023Менаџмент на човечки ресурси во аграротпроф д-р Милена Бошкоска Клисароски
проф д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
5
6.ЛБ203/2023Логистика точно на времепроф д-р Неда Петроска Ангеловска
проф д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
5
7.МЕ204/2023Дигитална економија и глобализацијапроф д-р Зоран Јаневски
проф д-р Владимир Петковски
5
8.ММ201/2023Водство и организациско однесувањепроф д-р Васил Поповски
проф д-р Наташа Данилоска
5
9.ПР202/2023Започнување нов претприемнички потфатпроф д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
проф д-р Милена Бошкоска Клисароски
5
10.ПР204/2023Корпоративно претприемништвопроф д-р Ирина Пиперкова
проф д-р Елизабета Џамбаска
5

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.