Логистика на бизнисот (нова студиска програма)

 

Концептот на логистиката во бизнисите и синџирите на снабдување добива се поголемо внимание од страна на научниците, консултантите и менањерите во глобални рамки. Многу претпријатија стануваат свесни за фактот дека доколку сакаат да опстанат на хиперконкурентниот пазар мораат да го преферираат колективниот наспроти индивидуалниот пристап на работење и на претпријатијата снабдувачи и претпријатијата дистрибутери да гледаат како на фактори кои можат да додадат вредност и да ја зголемат конкурентската предност. Способноста на претпријатието да создаде долгорочни, деловни односи базирани на доверба со купувачите, добавувачите и другите стратешки партнери станува круцијален конкурентен параметар.

Имајќи го предвид динамичкиот развој на проблематиката од доменот на логистиката во светски размери во последните неколку децении, изразен преку интензивните процеси на интегрирање на различните ентитети во синџири на снабдување со цел зголемување на ефикасноста на своето работење и подобрување на нивната конкурентност на националните и на глобалните пазари, наметнува потреба од соодветно застапување на предметните содржини од областа на логистиката на бизнисот во академското образование. Во таа насока студиската програма опфаќа потребните аспекти на: бизнис економијата, синџирите на снабдување и продажба, логистиката на меѓународниот бизнис, логистиката базирана на информациони технологии, осигурувањето, транспортот и шпедицијата, управување со квалитет кај логистичките системи, реверсната логистика и други предмети поврзани со логистиката на бизнисот од листата на изборни предмети на самата студиска програма.

Студиската програма овозможува напредни знаења за протокот на материјали и информации, односно ја потенцира значајната улога на логистиката во снабдувањето со материјали, соодветното производство и обезбедување на пласман на готовите производи и услуги.

Решение за почеток со работа:

⇓ Логистика на Бизнисот (4+1)
⇓ Логистика на Бизнисот (3+2)

Студиска програма Логистика на бизнисот (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ЛБ101/2023Бизнис економијапроф. д-р Диана Бошковска
проф. д-р Неда Петроска Ангеловска
10
2.ЛБ102/2023Синџири на снабдување и продажбапроф. д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф. д-р Милена Бошкоска Клисароски
10
3.ЛБ103/2023Логистика на меѓународен бизниспроф. д-р Биљана Ангелова
проф. д-р Искра Станчева Гигов
10
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
2.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
ЛБМР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (4+1)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ЛБ201/2023Оперативен менаџментпроф д-р Милена Бошкоска Клисароски
проф д-р Неда Петроска Ангеловска
5
2.ЛБ202/2023Управување со квалитет во логистикатапроф д-р Васил Поповски
проф д-р Снежана Костадиновска Милошевска
5
3.ЛБ203/2023Логистика точно на времепроф д-р Неда Петроска Ангеловска
проф. д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
5
4.ЛБ204/2023Управување со ризикпроф д-р Климентина Попоска
проф д-р Неда Петроска Ангеловска
5
5.БМ204/2023Управување со ресурсите во логистикатапроф д-р Неда Петроска Ангеловска
проф д-р Александра Лозаноска
5
6.МЕ202/2023Меѓународна конкурентностпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Елизабета Џамбаска
5

Студиска програма Логистика на бизнисот (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ЛБ101/2023Бизнис економијапроф. д-р Диана Бошковска
проф. д-р Неда Петроска Ангеловска
10
2.ЛБ102/2023Синџири на снабдување и продажбапроф. д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф. д-р Милена Бошкоска Клисароски
10
3.ЛБ103/2023Логистика на меѓународен бизниспроф. д-р Биљана Ангелова
проф. д-р Искра Станчева Гигов
10
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ЛБ104/2023Осигурување, транспорт и шпедицијапроф. д-р Неда Петроска Ангеловска
проф. д-р Климентина Попоска
10
2.ЛБ105/2023Логистика базирана на информациони технологиипроф. д-р Зоран Јаневски
проф. д-р Сашо Јосимовски
10
3.
Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Вкупно30

III Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ЛБ106/2023Логистички системи и операциипроф. д-р Ирина Пиперкова
проф. д-р Неда Петроска Ангеловска
10
2.ЛБ107/2023Зелена логистикапроф.д-р Катерина Хаџи НаумоваМихајловска
проф.д-р Владимир Петковски
10
3.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Вкупно30

IV Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
2.ЛБПЗ/2023Проектна задача5
3.ЛБМР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (3+2)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ЛБ201/2023Оперативен менаџментпроф д-р Милена Бошкоска Клисароски
проф д-р Неда Петроска Ангеловска
5
2.ЛБ202/2023Управување со квалитет во логистикатапроф д-р Васил Поповски
проф д-р Снежана Костадиновска Милошевска
5
3.ЛБ203/2023Логистика точно на времепроф д-р Неда Петроска Ангеловска
проф. д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
5
4.ЛБ204/2023Управување со ризикпроф д-р Климентина Попоска
проф д-р Неда Петроска Ангеловска
5
5.ЛБ205/2023Бизнис логистикапроф д-р Неда Петроска Ангеловска
проф. д-р Ирина Пиперкова
5
6.МЕ202/2023Меѓународна конкурентностпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Елизабета Џамбаска
5
7.БМ204/2023Управување со ресурсите во логистикатапроф д-р Неда Петроска Ангеловска
проф д-р Александра Лозаноска
5
8.ПР202/2023Започнување нов претприемнички потфатпроф д-р Катерина Хаџи Нумова Михајловска
проф д-р Милена Бошкоска Клисароски
5
9.МЕК3201/2022Меѓународен бизниспроф д-р Силвана Мојсовска
проф д-р Искра Станчева Гигов
5
10.ФМ202/2023Проектен менаџментпроф д-р Биљана Ангелова
проф д-р Елизабета Џамбаска
5

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.