Логистика на бизнисот (нова студиска програма)
Концептот на логистиката во бизнисите и синџирите на снабдување добива се поголемо внимание од страна на научниците, консултантите и менањерите во глобални рамки. Многу претпријатија стануваат свесни за фактот дека доколку сакаат да опстанат на хиперконкурентниот пазар мораат да го преферираат колективниот наспроти индивидуалниот пристап на работење и на претпријатијата снабдувачи и претпријатијата дистрибутери да гледаат како на фактори кои можат да додадат вредност и да ја зголемат конкурентската предност. Способноста на претпријатието да создаде долгорочни, деловни односи базирани на доверба со купувачите, добавувачите и другите стратешки партнери станува круцијален конкурентен параметар.
Имајќи го предвид динамичкиот развој на проблематиката од доменот на логистиката во светски размери во последните неколку децении, изразен преку интензивните процеси на интегрирање на различните ентитети во синџири на снабдување со цел зголемување на ефикасноста на своето работење и подобрување на нивната конкурентност на националните и на глобалните пазари, наметнува потреба од соодветно застапување на предметните содржини од областа на логистиката на бизнисот во академското образование. Во таа насока студиската програма опфаќа потребните аспекти на: бизнис економијата, синџирите на снабдување и продажба, логистиката на меѓународниот бизнис, логистиката базирана на информациони технологии, осигурувањето, транспортот и шпедицијата, управување со квалитет кај логистичките системи, реверсната логистика и други предмети поврзани со логистиката на бизнисот од листата на изборни предмети на самата студиска програма.
Студиската програма овозможува напредни знаења за протокот на материјали и информации, односно ја потенцира значајната улога на логистиката во снабдувањето со материјали, соодветното производство и обезбедување на пласман на готовите производи и услуги.
Решение за акредитација:
Решение за почеток со работа:
⇓ Логистика на Бизнисот (4+1)
⇓ Логистика на Бизнисот (3+2)
Студиска програма Логистика на бизнисот (4+1, вкупно 60 кредити)
II Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 | |
2. | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 | |
ЛБМР/2023 | Магистерски труд | 20 | |
Вкупно | 30 |
Студиска програма Логистика на бизнисот (3+2, вкупно 120 кредити)
IV Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 | |
2. | ЛБПЗ/2023 | Проектна задача | 5 |
3. | ЛБМР/2023 | Магистерски труд | 20 |
Вкупно | 30 |
Потребни документи за запишување
– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166
Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.