Менаџерска економија (нова студиска програма)

 

Менаџерска економија е двегодишна студиска програма која овозможува стекнување на знаење од повеќе области од подрачјето на економските науки и негова примена во менаџерското работење. Концепциската поставеност обезбедува мултидисциплинарен пристап при изучувањето на одделните сегменти на економијата од гледна точка на менаџерите. Имајќи ги предвид современите научни трендови и предизвиците на процесот на глобализација, повеќе од неопходна е потребата од интегрирана студиска програма со која ќе се стекне напредно знаење за блијанието на одделни економски аспекти врз процесот на управување и работење. Истовремено, преку овие студии се овозможува комплексна анализа на проблемите на модерната економија и општеството и изнаоѓање на иновативни решенија за нивно надминување.

Во рамки на оваа студиска програма се изучуваат економските теории, логиката и методологијата кои се применуваат при барање на решение за практичните проблеми на бизнисот, односно се однесува на оној сегмент од економското знаење или економските теории кои се користат како алатка за анализирање на бизнис проблемите и за конципирање на рационални бизнис одлуки. Целта на воведувањето на оваа студиска програма е да се премости јазот помеѓу теоријата и менаџерската пракса, со што ќе се постигне примена на економските размислувања при анализа на бизнис ситуациите. Менаџерската економија ги интегрира економската теорија со бизнис практиката, во насока на донесување на ефективни одлуки и ефикасен процес на планирање. Во таа смисла, студентите кои ќе ја завршат оваа студиска програма ќе можат да ги применуваат економските концепти и анализи при формулирање на соодветна менаџерска стратегија.

Значењето на студиската програма произлегува од потребата менаџерите да стекнат компетенции за да анализираат, планираат и да донесуваат одлуки за соодветен избор на ресурсите (труд, капитал, земја и менаџерски капацитети) кои се релативно ограничени, како и да се оспособат да ги употребат истите најефикасно. Студиите по Менаџерска економија се воведуваат со цел економските концепти и принципи да се искористат во функција на решавање на предизвиците на бизнисот, како што се: профитот, побарувачката, трошоците, определувањето на цените, производвството, ангажирањето на човечки ресурси, конкуренцијата, бизнис циклусите, националниот доход итн.

На оваа студиска програма можат да се запишат студенти кои завршиле економија, менаџмент, човечки ресурси, други општествени науки, како и студенти кои имаат завршено природни или технички науки, но на своите работни позиции се соочуваат со процесот на менаџерско одлучување и реално им се неопходни посебни знаења за меѓусебната поврзаност на економските процеси и менаџерските одлуки.

Студиска програма Менаџерска економија (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
БројКод ПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕК4101/2022Микроекономска анализапроф. д-р Елизабета Џамбаска
проф. д-р Искра Станчева Гигов
10
2.МЕК4102/2022Економска политикапроф. д-р Александра Лозаноска
проф. д-р Елизабета Џамбаска
10
3.МЕК4103/2022Економија на трудотпроф. д-р Верица Јанеска
проф. д-р Александра Лозаноска
10
Вкупно30

II Семестар
БројКод ПредметиНаставнициЕКТС
1.Изборен предмет од листата на едногодишната студиска програма по Менаџерска економија5
2.Изборен предмет од листата на едногодишната студиска програма по Менаџерска економија5
Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (4+1)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕК4201/2022Економија на пари, банкарство и финансиски пазарипроф. д-р Диана Бошковска
проф. д-р Владимир Петковски
5
2.МЕК4202/2022Економска регулацијапроф. д-р Снежана Костадиноска-Милошеска
проф. д-р Владимир Петковски
5
3.МЕК4203/2022Економија на животна срединапроф. д-р Наташа Данилоска
проф. д-р Катерина Хаџи-Наумова
Михајловска
5
4.МЕК4204/2022Јавно-приватно партнерствопроф. д-р Елизабета Џамбаска
проф. д-р Александра Лозаноска
5
5.МЕ3204/2022Дигитална економија и глобализацијапроф. д-р Зоран Јаневски
проф. д-р Владимир Петковски
5
6.БМ4202/2022Менаџерски договориПроф. д-р Елена Давитковска
Проф. д-р Ирина Мајовски
5

Студиска програма Менаџерска економија (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1. МЕК3101Микроекономска анализапроф. д-р Елизабета Џамбаска
проф. д-р Искра Станчева Гигов
8
2.МЕК3102Економска политикапроф. д-р Александра Лозаноска
проф. д-р Елизабета Џамбаска
8
3.МЕК3103Економија на трудотпроф. д-р Верица Јанеска
проф. д-р Александра Лозаноска
8
4.Од листа на изборни предмети на УКИМ6
Вкупно30

II Семестар
БројКод ПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕК3104Економија на пари, банкарство и финансиски пазарипроф. д-р Диана Бошковска
проф. д-р Владимир Петковски
8
2.МЕК3105Економија на животна срединапроф. д-р Наташа Данилоска
проф. д-р Катерина Хаџи-Наумова
Михајловска
8
3.МЕК3106Економска регулацијапроф. д-р Снежана Костадиноска Милошеска
проф. д-р Владимир Петковски
8
4.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

III Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕК3107Менаџерски финансиипроф. д-р Биљана Ангелова
проф. д-р Климентина Попоска
8
2.МЕК3108Теорија и политика на ценипроф. д-р Биљана Ангелова
проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска
8
3.МЕК3109Дигитална економијапроф. д-р Зоран Јаневски
проф. д-р Владимир Петковски
8
4.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

IV Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листа на изборни предмети на УКИМ6
2.Проектна задача 6
3.Изработка на магистерски труд20
Вкупно32

Изборни предмети (3+2)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.MEK3201Политика и стратегии за конкурентностпроф. д-р Елизабета Џамбаска
проф. д-р Александра Лозаноска
6
2.MEK3202Меѓународен бизниспроф. д-р Силвана Мојсовска
проф. д-р Искра Станчева Гигов
6
3.MEK3203Економска политика во земјоделствотопроф. д-р Наташа Данилоска
проф. д-р Катерина Хаџи-Наумова
Михајловска
6
4.MEK3204Јавно-приватно партнерствопроф. д-р Александра Лозаноска
проф. д-р Елизабета Џамбаска
6
5.MEK3205Економија на микрофинансирањепроф. д-р Климентина Попоска
проф. д-р Неда Петроска Ангеловска
6
6.MEK3206Истражување на пазаротпроф.д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф. д-р Искра Станчева Гигов
6
7.MEK3207Менаџерско одлучувањепроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Ирина Пиперкова
6
8.МЕК3208Менаџмент на иновациипроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Ирина Пиперкова
6
9.MEK3209Деловна комуникацијапроф. д-р Зоран Јаневски6

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.