Финансиски менаџмент (нова студиска програма)
Насоката финансиски менаџмент е наменета за сите оние чија определба е менаџирање со компании, сектори, административно раководење во јавниот сектор, работа во банки, финансиски сектори, финансиски консалтинг, инвестициски консалтинг и сл.
На оваа насока се изучуваат 3 клучни (задолжителни) предмети и тоа:
Менаџерско сметководство – кое опфаќа финансии за менаџмент, наменето за сите оние кои работат во комерцијалните сектори касе де калкулираат цени, количини за пордажба, таргетирање на профит, определување на количини за производство и продажба во зависност од капацитетите и стратегиите на компаниите. Дел од овој предмет е изготвување на интегралн бизнис план и планирање на буџетите на компаниите.
Инвестиционен менаџмент кој опфаќа планирање на инвестициите и инвестиционо одлочување зависно од клучните индикатори на успешност, рентабилност и период на повраток. Моделирање на дисконтирани готовински текови и определување на дисконтен фактор за пресметување на сегашната вредност на инвестициите.
Меѓународен финансиски менаџмент ги изучува меѓународните плаќања, феноменот на глобализација, механизмите за определување на девизните курсеви и финансиските пазари.
Насоката е поволна за сите струки бидејќи содржи програми за стекнување на квалификации за финансиски менаџери кои можат да бидат лица од различни профили.
Студиска програма Финансиски менаџмент (4+1, вкупно 60 кредити)
II Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | / | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 |
2. | / | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 |
ФММР/2023 | Магистерски труд | 20 | |
Вкупно | 30 |
Студиска програма Финансиски менаџмент (3+2, вкупно 120 кредити)
IV Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 | |
2. | ФМПЗ/2023 | Проектна задача | 5 |
3. | ФММР/2023 | Магистерски труд | 20 |
Вкупно | 30 |
Потребни документи за запишување
– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166
Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.