ЛИСТА НА ПРОЕКТИ ИЗРАБОТЕНИ ВО EКОНОМСКИОТ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ

       Во 70 годишниот период, во Економскиот институт се реализирани бројни  научни и апликативни истражувања кои го диференцираат како значајна и препознатлива институција за развој на научната  мисла  во  државата.  Преку  фундаментални, развојни и апликативни истражувања, Институтот  ја  развива научната дејност во областа на демографијата, економските и организациските науки. 

       Во последните години, во доменот на научноистражувачката  и  издавачката  дејност,  Економскиот  институт  развива  успешна меѓународна  и  регионална  соработка  со  други  сродни  институти,  со  што  успешно  се позиционира како респектибилна научна институција на регионално ниво. Од  основањето,  па  до  денес,  во  Институтот  се  изработени  повеќе  од  500  проекти. Овде ќе бидат наброени само позначајните проекти кои се изработени од оснoвањето, па се до денес.