АЛУМНИ ЗАЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ
Добредојдовте во Алумни заедницата на Економски институт-Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нашата Алумни заедница ги поврзува различните генерации на студенти кои магистрирале или докторирале на институтот и кои споделуваат заедничка врска преку своето образование во Економскиот институт-Скопје. Оваа заедница служи како доживотна мрежа, која поттикнува личен и професионален развој, ги слави постигнувањата и промовира трајни односи.
Како алумни, вие сте интегрален дел од наследството и иднината на нашата институција. Заедницата на алумните е тука за да ве поддржи во продолжувањето на вашата врска со институтот, нудејќи можности за враќање назад, информирање и вклучување со други алумни преку настани, менторски програми и различни иницијативи. Заедно, создаваме силна, поддржувачка мрежа преку која нашите членови имаат можност значително да влијаат на образовниот и професионалниот развој на сегашните и идните студенти на институтот, на секторот во кој работат, на заедниците каде се членови, како и на делувањето на Економскиот институт-Скопје.
Придружете ни се во одржувањето на духот на учење и поврзување, без разлика каде ќе ве однесе животот.
Линк за зачленување:
https://docs.google.com/forms/d/1iZssX22HAA4ygzSwAi2fnEWDe_DiqlBjfKWmZqWG1Xg/edit
Основни цели на Алумните на Економски институт-Скопје се:
- Поврзување на сите наши поранешни студенти кои магистрирале или докторирале на Институтот;
- Креирање на база на податоци за алумните која ќе им биде достапна на сите нив за меѓусебно вмрежување заради реализација на различни цели кои им се од заеднички интерес;
- Градење и јакнење на врската меѓу алумните, студентите, кадарот на Институтот и пошироката заедница;
- Развивање и соработка на Институтот со компаниите и институциите во кои работат поранешните студенти;
- Организирање на практична настава и менторства за студентите од втор и трет циклус на студии, заради споделување на искуствата на алумните од нивниот образовен и професионален живот;
- Давање на предлози за иновирање и наставните програми од втор и трет циклус на студии, за да ги приближат до потребите на јавниот и приватниот сектор;
- Пренесување на совети и искуства за кариерен развој на сегашните и идните студенти во Институтот;
- Учество во создавање на предлог проекти и истражувања во соработка со кадарот на Институтот.
Членови на одброт за соработка со алумните на Економски институт-Скопје се:
- д-р Александра Лозаноска, редовен професор, претседател
- д-р Милена Бошкоска Клисароски, доцент
- м-р Ангела Зафирова, асистент
- м-р Теа Јосимовска, асистент
Што мислат нашите алумни за Економски институт-Скопје













