Новиот модел на докторски студии на УКИМ, по примерот на развиените европски универзитети, е прв од ваков вид, не само во државата, туку и на Балканот. Концептот за организирање на докторските студии во Школа за докторски студии е една од основните карактеристики на интегративното дејствување на Универзитетот.
Економскиот институт учествува во реализацијата на заедничките студии од трет циклус, и тоа:
- Економски науки – Економски факултет и Економски институт.
- Организациски науки и управување (менаџмент) – Економски факултет, Економски институт и Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.
Докторските студии траат три години, што изнесува 180 ЕКТС-кредити.
Студиските програми се состојат од:
- обука за истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
- едукација, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
- пријава, изработка и одбрана на докторската дисертација, што изнесува 120 ЕКТС-кредити.
Обуката за истражување опфаќа:
- три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити (сите предмети од оваа група изнесуваат 4 кредити), и тоа: предметот научноистражувачка етика, еден предмет од групата предмети методологија на истражување и уште еден предмет од понудената листа на други предмети од обуката за истражување, која, по предлог на носителите на студиските програми, ја потврдува Универзитетскиот стручен совет за докторски студии;
- докторски семинари, конференции и работилници од истражувачка практика, што изнесува 18 ЕКТС-кредити.
Едукацијата опфаќа предмети од полето, областа и од потесната област на истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити.
Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус-докторски студии на студиските програми од Демографија, Економски науки и Организациски науки и управување (менаџмент), како и списокот на ментори за академската 2013/14 е објавен на страницата на Универзитетот www.ukim.edu.mk.
АКТИВНИ УПИСИ
СООПШТЕНИЕ: Одбрана на докторска дисертација на м-р Теа Јосимовска
Економски институт – Скопје известува дека кандидатката м-р Теа Јосимовска јавно ќе ја брани докторската дисертација под наслов: „ВЛИЈАНИЕТО НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВРЗ ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА И ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“. Јавната одбрана ќе се одржи на ден 30.06.2026 (вторник), во 12:00 часот, во Големата сала на Економски
СООПШТЕНИЕ: Одбрана на докторска дисертација на м-р Дарио Гечевски
СООПШТЕНИЕ Економски институт – Скопје известува дека кандидатот м-р Дарио Гечевски јавно ќе ја брани докторската дисертација под наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ ИНОВАЦИИ И ФИНАНСИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВРЗ БИЗНИС – МОДЕЛИТЕ“. Јавната одбрана ќе се одржи на ден 11.06.2026 (четврток), во 13:00 часот, во Големата сала на Економски институт- Скопје. ЕКОНОМСКИ
СООПШТЕНИЕ: Одбрана на докторска дисертација на м-р Борјана Стојкова
Согласно член 242 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски институт – Скопје известува дека кандидатот м-р Борјана Стојкова јавно ќе ја брани докторската дисертација под наслов: „CONTEMPORARY ASPECTS OF MICROFINANCE WITH SPECIAL FOCUS ON SOCIAL ASPECTS, COMMERCIALIZATION AND DIGITALIZATION“ / „СОВРЕМЕНИ АСПЕКТИ НА МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА
Конечна листа на кандидати за запишување на трет циклус академски студии – докторски студии во вториот уписен рок во академската 2025/2026 година
Конечна листа на кандидати за запишување на трет циклус академски студии – докторски студии во вториот уписен рок во академската 2025/2026 година на студиските програми Економски науки и Организациски науки и управување (менаџмент), кои ги исполнуваат условите. Конечна листа на кандидати за запишување на трет циклус академски студии –
ВТОР УПИСЕН РОК ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ 2025/2026
Почитувани, Конкурсот за запишување на студенти на вториот уписен рок на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во академската 2025/2026 година е објавен и истиот е достапен на следниот линк Листата на слободни менторски места е прикачена на следниот линк
Конечната листа на кандидати за запишување на трет циклус академски студии
Почитувани, во прилог е конечната листа на кандидати за запишување на трет циклус академски студии-докторски студии во првиот уписен рок во академската 2025/2026 година на Економски институт – Скопје ЛИСТА ⇓ Запишувањето на студентите се врши на факултетот/институтот каде што припаѓа студиската програма, а согласно со конечната листа на примени кандидати. Студентите

