Економскиот институт – Скопје

ИСТОРИЈАТ Основан во далечната 1952 година

Економскиот институт – Скопје, како единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, оваа година одбележува 70 години од своето постоење. Основан во далечната 1952 година како самостојна научноистражувачка институција при Стопанскиот совет на Владата на Народна Република Македонија, па сè до денес, постојано ја развива научната дејност во областа на економските науки, организациските науки и управување и демографијата.

Нашата Мисија

Економскиот институт – Скопје е да биде водечка институција во земјата во доменот на високото образование и во истражувањата, да ги идентификува проблемите и потребите на општеството, поврзани со економските активности во услови на ограничени ресурси и да изнаоѓа научни и методолошки знаења и решенија во доменот на мироекономијата и макроекономијата.

ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ

За остварување на своитe активности, Економскиот институт – Скопје е организиран во три одделенија, на кои се определени раководители:

  • Одделение за економски науки,
  • Одделение за организациони науки и управување (менаџмент) и
  • Одделение за демографија.

Научниот совет на Институтот е орган на управување и стручен орган, раководен орган е директорот, а орган на управување е Институтската управа. За вршење на дел од активностите од областа на науката, меѓународната соработка, наставата и на финансиите, задолжени се двајца заменици директори.

За вршење на стручни, административни, нормативни и помошно технички работи во функционирањето на Институтот задолжена е Стручната и административна служба. Со службата на Институтот раководи секретар.

Наставно-научниот колегиум е тело кое се занимава со работи, поврзани со образовната дејност од втор и од трет циклус на студии. За издавачката дејност се грижи Уредувачкиот одбор на Институтот