Д-р Милена Бошкоска Клисароски

доцент

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Е-бизнис
  • Иновации
  • Дигитална економија

Повеќе за доцент д-р Милена Бошкоска Клисароски

д-р Милена Бошкоска Клисароски е родена во Прилеп во 1984 година. Во 2007 година дипломирала на Економскиот факултет Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола на насоката економско статистичка-кибернетска. Во 2010 година ги завршила последипломските студии по Бизнис администрација – МБА, насока Стратегиски менаџмент на Економскиот факултет во Прилеп. Во 2017 година докторирала на на Економскиот институт-Скопје на тема „Улогата на информациско-комуникациските технологии во унапредувањето на иновативноста во Република Македонија“, со што се стекнува со звањето доктор на економски науки.

Во периодот од 2007 до 2009 година била ангажирана како демонстратор на Економскиот факултет Прилеп по предметите Теорија на одлучување, Бази на податоци и статистички класификации, Компјутерска техника и информатика, Маркетинг информациски системи и Деловно планирање. Исто така и во периодот од 2013 до 2015 година бил ангажирана како администратор на Економскиот факултет Прилеп. 

Во периодот од 2015 до 2022 година била вработена во Министерството за финансии како соработник за информатика-апликативна документација и советник за мониторинг и евалуација на стратешки планови. Од 2022 година се вработува на Економскиот институт-Скопје како доцент во областа Управување со човечки ресурси поле Организациони науки и управување (менаџмент). Во периодот од дипломирањето била учесник/соработник во голем број на проекти  и била активно вклучен во подготовка на национални документи (стратегии, закони и сл.) и има учествувано во комисии и тела на државни и други органи.

Учесник е на голем број научноистражувачки собири од областа на Стратегиски менаџмент, Менаџмент на човечки ресурси и Иновации и има објавено повеќе од 30 научноистражувачки и стручни трудови во земјата и во странство на истите теми.