
Автор: Билјана Ангелова
Издавач: УКИМ Економски институт – Скопје | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Сметководство за менаџмент | Број на страни: 365
Сметководството за менаџмент е современа алатка на менаџментот во секоја современа организација. Тоа се базира на сметководствени информации и податоци, но различно е од класичниот концепт на сметководство. Целта на менаџерското сметководство е интерно користење на сметководствените податоци од страна на менаџментот во компаниите во насока на правилна и целисходна контрола на процеси, планирање, организација на активностите и одлучување.
Поради важноста на менаџерското сметководство за секоја компанија, како и потребата за запознавање на студентите со комплексноста на оваа материја, изготвен е овој учебник со наслов “Сметководство за менаџмент”.
Акцентот на овој учебник е ставен на употребата на сметководствените податоци и информации во менаџерскиот процес, темите обработени во него обезбедуваат целосно разбирање на базичните концепти за планирање, контрола и одлучување кои се однесуваат на цените, бизнис-плановите, избор на производен/продажен микс и многу други прашања од доменот на секојдневното работење на компаниите.
Оттаму, овој учебник ќе им обезбеди на читателите концептуално и техничко разбирање на темите и капацитет да применуваат менаџерски вештини за широк опсег на организациски проблеми и предизвици.