Автор: Татјана Петковска
Издавач: УКИМ Економски институт-Скопје | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Меѓународен маркетинг | Бр. на страни: 653 | Димензии: / | Корица: мека


Учебникот под наслов: Меѓународен маркетинг- концепциски, стратегиски и акциони аспекти од авторите проф. д-р Татјана Петковска и проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска е првенствено наменет за студентите на вториот циклус студии на насоките на кои се изучува оваа проблематика во Економскиот институт, како и за пошироката академска и стручна јавност во државата: студенти од други факултети и универзитети кои го изучуваат меѓународниот маркетинг, вработени и менаџери во странски и домашни компании, маркетинг-агенти, вработени во маркетинг-агенции и компании за истражување на пазар итн. По својата структура, учебникот се состои од три тематски целини (делови), во кои се обработуваат концепциските, стратегиските и акционите аспекти на меѓународниот маркетинг. Секоја тематска целина претставува посебен дел, составен од поглавја кои се структуирани според тематската област. Во поглавјата се елаборираат различни аспекти од меѓународниот маркетинг и меѓународните маркетинг-стратегии во услови на интернационализација и глобализација, меѓународно окружување, меѓународно маркетинг-истражување и неговата улога во развојот на маркетинг-стратегиите, сегментација и таргетирање на меѓународниот пазар, креирање и имплементација на меѓународните маркетинг-активности и маркетинг-инструменти на глобалниот пазар. За подобро разбирање на тематските области, на крајот од секое поглавје се наведени куси примери од практиката на меѓународниот маркетинг, како и прашања кои се однесуваат на презентираната проблематика со кои студентите ги утврдуваат стекнатите сознанија согласно поставените цели на учењето.